“Сплоти се Македонија” распишува конкурс за нови поетски творби

69

 

” Сплоти се Македонијо” продолжува и понатаму, оваа интернационална поетска манифестација и оваа година ќе се одржи онлајн  и упатува покана до сите љубители на пишаниот збор да се сплотиме во стих и убава поезија упатуваме покана до сите писатели и сите поетски здруженија ширум светот што помасовно да се вклучат и да ја искажат својата љубов преку стих за нашата татковина.
-Тема на оваа манифестација ќе биде Библиска Македонија. Иако сме негирани во светот но ние преку стих и песна постоиме и тие самите знаат но нашата историја е длабока и голема и тоа ги плаши една е Македонија и таа е наша родна грутка. Само Сонцето е постаро од Македонија и секогаш ќе остане затоа ве повикуваме да бидете креативни да пишувате што помасовно и да ги изразите вашите чувства за вашата родна грутка за вашето огниште, вели Симе Младеновски.
Конкурсот ќе трае до 26 септември а на 5 октомври ќе ги разгледува се што пристигнало стручната жири комисија.

-Ќе имаме две групи возрасни и младинци. За возрасните групи стручно жири ќе биде професор доктор по книжевност Златко Тимковски од Лос Анџелес ,  Бранко Николовски текстописец професор доктор Оливера Јанковска од Торонто, Симе Младеновски продуцент на “Лица и дела” на Тв Сонце, Боби Крстиќ и Горан Кузмановиќ.
Организатор е емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце со целиот тим медиумски тим.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.