Дел од викенд програма на 18. CINEDAYS

687

 

20:00 ЖАЛ НИ Е ШТО ВЕ ПРОПУШТИВМЕ

режија: Кен Лоуч | *ГАЛА премиера*

Rики и неговото семејство мачат мака со долгови уште од финансиската криза од 2008 година. Одеднаш му излегува нова можност за независност со блескаво ново комби и шанса да води франшиза како самовработен доставувач.

22:00 МИЛОСТ БОЖЈА

режија: Франсоа Озон | *ГАЛА премиера*

Александре живее со сопругата и децата во Лион. Еден ден случајно открива дека свештеникот што го злоупотребувал како момче, сѐ уште работи со млади луѓе. Одамна потиснатите сеќавања излегуваат на површина. Загрижен, Александре најпосле наоѓа храброст да преземе акција против човекот. Потрагата по други жртви на свештеникот, кој е високо почитуван во областа, го води Александре до Франсоа и Емануел. Секој од тројцата мажи има различни душевни проблеми. И секој од нив ќе мора да се избори со демоните од своето минато со цел да се справи со длабоките последици на овој процес. Основањето на организацијата за самопомош, „Ослободениот збор“, е само првиот чекор.

 

15:00 Паразит *реприза*

режија: Bong Joon-ho

Четиричленото семејство на Ки-таек е блиско, но сите се невработени, со нејасна иднина пред себе. Синот Ки-ву е препорачан од негов пријател, студент на престижен факултет, да држи часови, работа што е добро платена и која создава надеж за редовни примања. Носејќи го товарот од очекувањата на целото семејство, Ки-ву оди на интервју во домот на семејството Парк. Кога пристигнува во куќата на г. Парк, сопственик на глобална ИТ-компанија, Ки-ву ја запознава Јеон-кјо, убавата млада дама во семејството. Но по оваа прва средба меѓу двете семејства, следи незапирлива низа од незгоди.

КИНО ФРОСИНА

19:00 ВО НОЕМВРИ

режија: Мурад Жерка | *МК кратки*

Младата девојка од село, Арта, е казнета од семејството за постапка што ја сторила од чиста волја и искреност.

19:15 СЕСТРА

режија: Светла Цоцоркова | *СинеБалкан*

Мало гратче во современа Бугарија. Мајка и нејзините две ќерки се борат да преживеат. Занесената помладата ќерка, која е склона кон мечтаење, честопати измислува приказни за да го направи животот поинтересен. Не сакајќи, запаѓа во стапицата на сопствените лаги и ги уништува организираниот материјалистички свет на нејзината постара сестра. Во меѓувреме, двете сестри ја дознаваат вистината за нивната мајка.

 

21:00 ЉУБОВНИКОТ

режија: Игор Иванов

Пропаднат циркуски изведувач успева да ја врати саканата и да ја тргне од прегратките на нејзиниот нов љубовник, со помош акробатските вештини во кои таа некогаш се заљубила.

21:00 НЕБЕСКА ТЕМА

режија: Младен Матичевиќ

Документарец за животот и делото на Влада Дивљан, најпознат како фронтмен на српскиот и екс-југословенски рок бенд Идоли, еден од рок бендовите што го започнаа југословенскиот нов бран на културната сцена во поранешна Југославија во 1980-тите.

 

ЏЕБНО КИНО

20:00 ШВАЈЦАРЕЦОТ КРИС

режија: Ања Кофмел

Зошто младите мажи толку ги фасцинира војната? И денес исто како и во деведесеттите години на минатиот век кога беснееше војна во поранешна Југославија? На 7 јануари 1992 година, младиот швајцарски новинар Крис Кристијан Виртенберг бил пронајден мртов во Хрватска. Задушен со неговата марама, облечен во униформа на вод од меѓународни војници. Дваесет и пет години подоцна, неговата братучетка, режисерката Ања Кофмел, го истражува убиството на Крис и се обидува да најде одговор на овие прашања.

 

 

 

22:00 СОНОТ НА КАТРИНА

режија: Дарио Бишофбергер, Мирко Бишофбергер

 

Катрина сака да има деца, но нејзиното момче Луис не сака. Таа се вљубува во неговиот најдобар пријател Рон, кој станува мажот на нејзиниот живот. Една вечер, враќајќи се пијани од една роденденска забава, двајцата пријатели доживуваат сообраќајна несреќа, во која Рон ја губи главата, а Луис телото. Благодарение на трансплантација на главата, двајцата мажи преживуваат, споени во еден човек. Катрина сега мора да се справи со телото и умот на двајцата мажи за да си го исполни сонот.

 

22:30 | сала 25 МАЈ

cinEmusic: ЗВУК УЛИЦЕ

 

12:00 Горно фоаје (МКЦ)

Креативна Европа Култура и МЕДИА Деск МК отворени презентации: Претставување на последните повици на Креативна Европа и проектни примери (CON – FRONT и C.H.O.R.U.S), Билјана Прентовска и Бистра Георгиева.

 

20:00 Галерија

ВЛАДА – изложба на фотографии на Горанка Матиќ

Фотографиите се направени во различни фази од животот на Влада Дивљан: од периодот на првиот албум на „Идоли“, првиот белградски концерт во СКЦ, концертот во култниот „Кулушиќ“ во Загреб, Дом Омладине Белград, проби и фотографии од секојдневието на овој легендарен уметник.

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.