Комедијата „Гостинот“ во кината низ Македонија

586

Италијанската комедија „Гостинот“ во режија на Дучо Кјарини веќе е во кината низ Македонија. ПОчна со проекција во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” – Неготино. Филмот од саботата е и на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје, а на 15 декември ќе биде прикажан и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар од каде продолжува и низ други градови низ републиката.

Италијанскиот актер Даниеле Паризи го игра главниот лик оваа забавна комедија на Кјарини, кој беше номиниран за наградата на списанието „Вараети“ на Филмскиот фестивал во Локарно.  „Гостинот“ ја обработува темата за стравот од обврска, па дури и носење големи одлуки на луѓето во доцните 30-ти и раните 40-ти, нешто што предизвикува голема фрустрација во сите романтични врски.

Филмот е 94- минутна комедија во италијанско-швајцарско-француска копродукција.

И каква е приказната на филмот? Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, ќе доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан – но каде да оди? Тој ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти.

Дистрибутер е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата на филмот е поддржана од д Министерството за културно наследство и туризам на Италија, во соработка со Институтот „Луче Чинечита“ и АНИКА.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.