Германско- иранската драма „Празни мрежи“ во Скопје и Битола 

Германско- иранската драма „Празни мрежи“, филмското деби на режисерот Бехруз

Карамизаде, од денеска премиерно се прикажува во кината низ републиката. Филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ во Скопје, секој работен ден од 21 до 27 ми

ноември 2024 година во терминот од 18 часот, додека за викенд во терминот од 16 часот. Денеска и задутре, филмот ќе игра и во киното „Манаки“ во Битола во терминот од 16 часот.

Утре на пладне филмот ќе има проекција во скопска Кинотека.

Оваа моќна реалистична драма на Бехруз Карамизаде, ја раскажува приказна за Амир и

Наргес, двајца млади во своите дваесетти, кои се чини дека ја пронашле вистинската љубов во родниот крај на брегот на Каспиското Море. Но во денешен Иран, љубовта сама по себе не е

доволна за да создадат заеднички живот, па затоа нивната врска мора да остане во тајност. За да ја добие наклоноста на богатото семејство на Наргес и да собере пари за соодветен мираз,

Амир е принуден да заработи набрзина. Притиснат од околностите, тој прифаќа работа во локалниот рибен пазар, каде што се вовлекува во опасниот, но профитабилен свет на шверцот со кавијар. Во меѓувреме, Наргес купува време и се обидува да го одложи договорениот брак што нејзините родители го планираат за неа.

Дали нивната љубов, надежите и соништата ќе успеат да опстојат во заплетканата мрежа на традиции, корупција и социјална хиерархија која и понатаму ги контролира животите на новата генерација во Иран?

Филмот имаше премиера на фестивалот во Карлови Вари во главната конкуренција. Во 2021 година ја освои German Screenplay Award, а во 2022 наградата за пичирање на European Work in Progress во Келн.

Дистрибутер на филмот е „КТ Филм и Медиа“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.