Изложба на Дијана Томиќ во Струга

18
Отворање: 20 часот  31.август 2022
Локација: Административна зграда на Музеј „Д-р.Никола Незлобински“ Струга
Проектот е поддржан од Министерство за култура.
Дијана Томиќ Радевска(1961), Скопје е мултимедијална уметница  и дизајнерка. Работи на графика, цртеж, сликарство, арт инсталација, арт видео и дизајнер. Посветена е на графиката и низ класични техники, дава друга перспектива на уметноста на графиката, експериментирајќи со различни техники во монотипијата и објект-графика.
Дипломирала во 1984 година на одделот графика и графички дизајн на ФЛУ воСкопје.
Член е на ДЛУМ од 1985година Реализирала бројни групни и самостојни изложби и студиски престои. Работи и има статус на самостоен уметник.

Изложбата e посветена на моето семејството  —  враќајќи се во градот на предците презентирам историско интимно раскажување.

Колекционирањето на стари семејни фотографии, аналитично го дополнуваат приказните кои обработуваат едно време, еден народ, една историја. Времето е незапирливо а испрекинато низ мислите. Фотографиите, дигитално отпечатени, се поставени во јукстапозиција, со графички листови, со цртежи и со видео, како концепт на документ и истражување. Поставувајќи ја оваа изложба интердисциплинарно и “in situ”, користејќи делови од куќата и фасадата на Музеј ,,Др. Никола Незлобински” кој припаѓал во минатото на моето семејство (дедо по мајка) Несторови го заокружувам концептот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.