Наташа Петровиќ со награда за улогата во „Хомо”

17

 

Актерката Наташа Петровиќ ја доби наградата BEST PERFORMANCE на овогодинeшното издание на Nòt Film Fest, кoj се одржа во Santarcangelo di Romagna, Италија во периодот од 23-ти до 28-ми август.

Филмот беше селектиран во категоријата MOONWALKER FEATURES и истиот се натпреваруваше со над 100 филмски наслови. Жирито во состав – Пол Сбрици, директор на филмскиот фестивал „Mammoth Lakes“, Грета Беламачина, актерка, сценарист и режисер и Џејдер Либераторе, автор соработник за Vanity Fair, ја доделиja наградата за најдобра изведба на актерката Наташа Петровиќ.

Да потсетиме филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Авторски потпис ставија: Маја Радошевиќ од Србија како Кинематографер, Кирил Спасески – Сценограф, Аленка Нахтигал – Шминка и фризура, Полонца Валентинчиќ – Костимографдвете од Словенија, Мaртин Иванов – Монтажа, Дизајн на звук – Борис Трајанов од Бугарија. Автор на музиката е Зоран Спасовски, а во филмот провејуваат и песните на Љупчо Константинов – Еј ти, момче младо и преработка на Лиду ду од Григор Копров и Владимир Дојчиновски во изведба на Дани Димитровска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.  Во филмот играат: Александар Матовски  Цако во улогата на Гоги, Наташа Петровиќ во улогата на Кети, Игор Ангелов во улогата на Поп Христо, Јордан Симонов во улогата на Адвокатот, Мајлинда Косумовиќ од Косово во улогата на Зана, Сашко Коцев во улогата на Петар, Оливер Митковски во улогата на Сократес, Сергеј Димовски во улогата на Виктор, Јоана Буковски од Бугарија во улогата на Петра, Себастијан Каваца од Словенија во улогата на психијатарот Др. Улчар, Јелена Јованова во улогата на Јулија, Мони Дамевски во улогата на Вујкото на Гоги, Мартин Манев во улогата на Поп Демјан и Славиша Кајевски во улогата на Фантом.

Филмот е копродукциска соработка со: Арт енд попкорн од Србија, Гала Филм од Бугарија, Триггер од Косово и Иридиум Филм од Словенија.

 

https://www.notfilmfest.com/

https://www.mymovies.it/cinemanews/2022/181994/?fbclid=IwAR3k8fqIwcC6YCJkCyTV_u6txQB4-KFlYjFnuQj10pvEvTnqkjnSqXSdv6M

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.