Репертоар на 21. CINEDAYS за 9 и 10 јули

57

ГТЦ Покрив

9.7.2022
20. 30 Злосторства на иднината
Режија – David Cronenberg 2022, Канада, Грција, Франција, Велика Британија
Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка средина, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку авангардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група… Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да
ја разоткријат следната фаза на еволуцијата на човекот.

10.7.2022
20:30 Вечно Млади
дир. Валерија Бруни Тедесчи
Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот,
страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија.

Кино Милениум
јули 9, 2022 22:30

БРОКЕР
режија Хирогазу Коре-еда
Санг-Хјеон е сопственик на пералница и волонтер во блиската црква, каде што работи неговиот
пријател Тонг-Со. Заедно водат нелегален бизнис: Санг-Хјеон повремено краде бебиња од црковната „бебешка кутија“ со помош на Тонг-Со, кој ги брише снимките од безбедносните камери на црквата што покажуваат дека бебето било таму, па потоа ги продаваат на црниот пазар за посвојување деца. Но кога една млада мајка, Со-Јоунг, се враќа откако си го остава бебето, ги открива и решава да тргне на патување со нив, да ги интервјуира потенцијалните посвојувачи на бебето. Во меѓувреме, две детективки, Со-Чен и Ли, им влегуваат во трагата.

Јули 10, 2022 22. 30
ЅВЕЗДИ НА ПЛАДНЕ
1984 година во Никарагва, мистериозен англиски бизнисмен и тврдоглава американска новинарка започнуваат романса откако се вплеткуваат во опасен лавиринт на лаги и заговори и принудени се да се обидат да побегнат од земјата.
Кинотека
јули 9, 2022 20:30
ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ
Дир. Марвин Ендхолд
Раскажан со хумор и топлина, овој документарец ја истражува нераскинливата врска меѓу
луѓето и нивните волнени пријатели, која трае цели 11.000 години. Денес има повеќе од милијарда овци на светот. А сега е време да погледнеме во нивната сегашност и иднина.

SEE програма
јули 9, 2022 22:30
НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА
Дир Соња Тарокич
Анамарија почнува нова работа како педагог во училиште, место полно со ситни конфликти и клики. На почетокот се труди да се држи настрана од борбите за превласт меѓу директорката, наставниците и родителите, посветувајќи се само на својата работа со децата. Но како што го запознава системот подобро, Анамарија сфаќа оти за да опстои во него мора да си го жртвува интегритетот и да се вклучи во играта.

Официјална селекција
јули 10, 2022 20:30
КРAT
Децата ги оставаат кај баба им без смартфони. Реалниот живот им се чини здодевен додека не најдат инструкции за крат – волшебно суштество што ќе направи сѐ што ќе му каже господарот.
Сега само треба да купат душа од ѓаволот.

Ретроспектива
јули 10, 2022 22:30
НА РАБОТ НА РАЈОТ
режија
Фатих Акин
2007, Германија, Турција
Неџет не одобрува што неговиот татко вдовец Али, решава да живее со проститутката Јетер. Но му станува драга кога открива дека ѝ праќа пари во Турција за факултетското образование на
ќерка си. Ненадејната смрт на Јетер ги дистанцира таткото и синот. Неџат оди за Истанбул да ја побара Ајтен, ќерката на Јетер. Политичката активистка Ајтен побегнала од турската полиција и веќе е во Германија. Таму се здружува со младата Лоте, која ја кани бунтовната Ајтен да престојува во нејзиниот дом, гест што не ѝ се допаѓа на нејзината конзервативна мајка Сузана.
Кога Ајтен е уапсена и барањето за азил одбиено, ја депортираат во Турција, каде што завршува во затвор. Лоте оди во Турција, кајшто запаѓа во навидум безнадежните напори за ослободување на Ајтен.

МКС парк
МК кратки
јули 9, 2022 21:00 ЖИВОТ ВО МЕУР
режија: Никола Дрвошанов, Натали Макмахон

SEE програма
јули 9, 2022 веднаш по „Живот во Меур“
„ПО ЗИМАТА“
Петмина пријатели од мало црногорско гратче сѐ уште го негуваат пријателството, и покрај тоа што се раселени низ поранешна Југославија. Во текот на една година, по низа животни
пресвртници, сфаќаат дека младоста нагло им завршува. По зимата, секој од нив ќе мора да изгради нов свет за себе.

23:00 Доуп Куќата и Бон Праскиза x Секси Марса
Билети остануваат по фестивалски 200 денари, локацијата е МКЦ парк, почетокот е закажан за
23:30 (веднаш по филмската проекција)
Dope kukjata е рап колетив група, формирана во 2017 година. По неколку ротирања, Dope kukjata е составена од 7 најдобри напаѓачи од градот Скопје. Спремни за секакви предизвици со
нашите фанки ритми, луди шеми на рими и харизматилни персони, правиме настапи во живо за паметење и танцување. Нашиот прв албум “3018” е издаден јуни 2018. Албумот е прекрасна
кохезија на пост рап, алтернативен рап и други суб жанрови на рап. Со напорна работа низ години, искочија неколку изданија од фурната на Dope kukjata. Најзначаен проект е на Лукас Поматски-Сам дома, каде во екот на короната се собираат во групен чат на Facebook и
преку voice recorder ги снимаат текстови, се во период од 2 недели
Dope Kukjata се:
-Никола Ристески (Piki)
-Лука Кантарџиев (Lux Kmala)
-Лазар Христов (Laz Vegjas)
-Стефан Вујисич (Vuisah)
-Јасмин Реџовиќ(JASmin)
-Ведран Шурбановски (VecVajsVers)
-Драган Стојановски (Gago)
ДиЏеј Јане Вељаноски (Peteljavashe)
BON PRASKIZA x SEXY MARSA заменски гостуваат на годинешново CINEDAYS издание. И покрај тоа што се Хип Хоп министри, се големи љубители на седмата уметност, поготово на продукцијата на Џеки Чен.
Ем филмот им е животот, ем животот им е филмот.

Поп Ап кино
9.7.2022
21:00 Крацери
Крацери, програма од кратки жанровски филмови: комедија, научна фантастика, трилер, хорор, еротика, ноар, вестерн, акционен, танц, експериментален и ангажиран филм.
Музеј на современа уметност

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.