Факултет за работи што не се учат

2
На 7 и 8 септември 2022 (денес и утре), со почеток од 19 часот во Нови Сад (Креативни дистрикт – Гвождара локал 1) премиерно ќе биде изведен просторно изведувачкиот проект – „Штампање заеднички простор“.  Реализацијата доаѓа по едногодишно заедничко истражување на модернистички згради во три различни градови – Скопје, Нови Сад и Риека, заедно со студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје,  Архитектонски факултет – Скопје, Отсекот за уметност и дизајн на техничкиот факултет во Нови Сад и академијата за применета уметност од Риека, во партнерство со Факултет за работи што не се учат – Скопје.
Проектот е дел од COLLAB, програмска линија на Биеналето за сценски дизајн, во чии рамки се продуцираат нови содржини во соработка со други колективи и институции. Биеналето за сценски дизајн 2022 е дел од „Калеидоскопот на културата“ и годишната програма на Нови Сад како европска престолнина на културата.
Авторскиот концепт на проектот „Штампање заеднички простор“ е развиен од страна на Филип Јовановски (визуелен уметник), Сашка Пештерац (архитектка, Нови Сад), Лара Бадурина (визуелна уметница, Риека) и Луна Шаломон (дизајнерка на простор, изведувачка, Нови Сад).
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.