Викенд програма на МОТ

14


Скопје, 11 ноември 2023

Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува

12:00 МКЦ – Галерија 2

Локомотива како дел од соработката со МОТ оваа година, организира и програма Перформанс Платформа/Номад ДанСесии, составена од резиденција и дискусија: „Институција која недостасува“. Партнер на оваа соработка е Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО и МОТ фестивалот, а програмата е и дел од мрежата Life Long Burning. „Институција која недостасува“ е продолжение на серијата (кокураторски) разговори „Дијалог кој недостасува“, кои ги започнаа минатата година Локомотива и Прво па женско на МОТ со цел да се креира простор во јавноста каде што ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, праксите, потребите, процесите, условите и политиките во полето на современите изведувачки уметности.

(разговорите се дел од придружната програма на МОТ)

11.11.2023 (претставата се игра и на 12.11.2023)

Скопје, големо бегство

Универзитет Американ колеџ

14.00 Почетна локација: Дом на културата Кочо Рацин

Претставата „Скопје, големото бегство“ се одвива во форма на интерактивна аудиопрошетка и просторни интервенции низ видеосегменти со елементи на современ танц.
Перформансот е во рамки на проектот “Public Spaces Re:claimed”

Перформансот е имерсивна претстава и аудио-визуелно искуство, кое ја ангажира публиката низ дел од заборавените места во Скопје, каде што низ колективна прошетка се отвораат прашања за општествената димензија на јавните простори.
Градот и реката се во непрекината, турбулентна дискусија околу која жителите го населуваат ова променливо, понекогаш ирационално, место кое го перципираат како свој дом.
Дали тоа претставува вечна љубовна приказна или приказна за борбата како ова место да се направи прифатливо за живот? Мисловно-емотивното ткиво на оваа претстава се состои од судир на старото и новото, илузорното, фиктивното и реалното, секојдневното, но и спој на минатите генерации и сеќавања и нова, младешка енергија, која се обидува да најде нови начини за реинтерпретација на градските простори.

Концепт: Атила Антал, Вишња Жугиќ

режија; Атила Антал

Текст: Љупчо Јованов

Играат:
Дејан Битровски, Илина Костовска, Стефани Шааршмит, Тереза Лазарев, Викторија Коцева, Ана Ковачка, Мила Стојановска, Елена Стојкоска, Михаела Дамчевска, Ива Георгиева, Филипа Бибановска, Леонтина Ѓорѓиевска, Марија Ѓеоргиева, Талиа Петров, Гала Стојмановски, Никола Игновски, Јана Лукровска, Ана Токарева, Надја Лукановска
Кинематографија и монтажа: Кирил Шентевски
Музика и дизајн на звук: Атила Антал
Користена музика: Лепша Брена
Дизајн на апликација: Јохан Коста
Уметничко-просторна инсталација: Иван Ивановски

ГЕА

20:00 МКЦ Сцена Фросина)

Ерос АнтЕрос, Италија

автор: Давиде Сако, Агата Томшич

режија: Давиде Сако

Гea, исконската божица на неисцрпната моќ на творецот, божествената сила на Земјата и потеклото на самиот живот, е главниот лик на ова ново патување. Мајка на небото и морето, на ноќта и денот, таа е протагонистка на остра жалост, која го продолжува вокално-музичкото истражување на ЕросАнтЕрос, а во исто време влегува во однос со префинет видеоуред, кој ја поттикнува публиката да не остане рамнодушна кон минатото, сегашноста и иднината на нашиот единствен заеднички дом: Геа, Земјата. Според теоријата на Џејмс Лавлок од 1979 година, која ги револуционизира студиите за екологијата и животната средина, Земјата е Геа, единствен жив организам способен да се саморегулира и да реагира на сите оние нови и негативни фактори, кои ја нарушуваат нејзината природна рамнотежа.

Проектот е добиен на EFFEA (European Festivals Fund for Emerging Artists 2023, co-funded by the European Unioн)

Играат:
Агата Томшич (со студенти на актерска игра 2-ра и 3-та год. на ФДУ)
Драмтургија: Агата Томшич
Режија и дизајн на музика: Давиде Сако
Видео: Франческо Теде
Костимограф: Аријана Фантин
Шивач: Мања Бенеке, Марта Бенини
Светло: Марко Рабити
Продукција: Равена Фестивал, ЕросАнтЕрос – Полис театро, со резиденција La Chartreuse de Villeneuve lez Avignon – Centre national des écritures du spectacle, Masque Teatro, Ravenna Teatro
Поддршка: Министерство за култура на Италија, регионот Емилиа-Ромања, општина Равена
Покровителство: Амбасада на Италија во Скопје, Италијански институт за култура, Белград

Коло

22:00 МКЦ

„Коло“ е експериментален истражувачки проект, кој го анализира функционирањето и создавањето во заедницата, можноста и неможноста за физички контакт. Централен елемент е орото.
Овaa претстава на МОТ фестивалот е дел од проектот (Не)Врзани Движења, а е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски

При уметничкото истражување и создавањето на претставата „Коло“, ги преиспитувавме современите манифестации на заедницата, со фокус на физичките аспекти на нејзиното прикажување преку танцовата практика. Ја испитувавме можноста и неможноста да се оствари контакт во време на промени врз основа на дигиталните технологии, користејќи ја како катализатор „новата реалност“ предизвикана од пандемијата. Народното оро [коло] беше централниот елемент на внимание во работата. Иако и други танцови техники користат физички контакт помеѓу изведувачите, ние го третиравме орото [коло] како воспоставен културен модел што го обликува искуството на заедничките моменти во колективните собири. Постојаниот физички контакт на групата, едноставноста на движењата и акцентот на заедничките активности ја формираат основата врз која го развивме нашиот материјал.

автори:
Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски

Играат:
Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски

Автори и изведувачи: Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски
Композитор: Матија Анѓелковиќ

Поддршка: Културен центар „Магацин“ – Белград
Продукција: СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Бугарија, Софија; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје

12.11.2023

Дрво низ времето

16:00 МКЦ (сцена Фросина)

Автор и режија: Колектив Ветерница

Заеднички проект на Ветерница и Трисомија 21 Скопје во која ќе ги видиме и членовите на инклузивниот ансамбл, кои работат заедно во последните 4 години на создавање оригинални авторски дела, овој пат во продукција на Zavod za raziskovanje in uprizoritvene umetnosti Maribor.
Преку невербален театарски израз и препознатливата естетика на физичката интерпретација на Колективот Ветерница, инклузивниот ансамбл во соработка со Трисомија 21 Скопје ја раскажува приказна за човекот, кој ја разграбува природата, водејќи се себеси кон самоуништување. Истражувајќи го процесот на премин на фазите „од преживување до изживување“, увидот дека врската со природата е нераскинлива, го откинува и последниот крик за сознание кој тлее длабоко во сите нас од кои зависи нејзината иднина.

Играат:
Маша Блажева, Кристина Петровска, Ана Јовановска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Нана Танеска, Ена Митревска, Филип Ангеловски, Елизабета Петковска, Стефан Трпковски, Оливер Блажевски, Матеј Аларов, Коста Аризанов, Јоана Ристеска, Ивана Нелковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Димитрова, Билјана Митева, Марио Мицковски

Концепт и режија: Ивана Нелковска, Марија Бејкова, Билјана Димитрова, Билјана Митева
Музика: Јоана Ристеска
Костимографија: Ангела Бикова
Сценографија: Колектив Ветерница со Тома Димовски и Велимир Жерновски

Нерон

20:00 МКЦ (Сцена 25 мај)

Автор: Христо Христов

Режија Ѓорѓи Ризески

Претставата е невообичаено автентична на времето во кое се случува, но со истата универзална порака што ја пренесува низ вековите. Човекот најмногу страда поради отсутвото на љубов, онаа љубов што ја носи во самиот себе.
Ова е претстава за сите души кои вистински се стремат да го разберат најзначајниот проблем на човештвото и како да го натераат да престане да се повторува. Ова е претстава за „Владетелот“, кој е одраз на народот, но за луѓето што се одраз на владетелот.
Претстава за политиката: во минатото, сегашноста и иднината… Поточно, за грешките на политиката, за грешките на владеењето со луѓето, со системите.
Претстава за злото, но и за надежта.
За разбирањето на злото. За рамнотежата на светот. За иднината, за децата.
За тоа што се случи, и ќе се случи, за жал, повторно. За милионите убиени луѓе пред нашето постоење… За чистата смисла на нивното заминување.
Голема точка во мало шоу… Спакувано точно

Играат:
Марко Трајковиќ, Нина Деан
Композитор: Алмир Бајрамовски
Кореографија: Нина Деан
Костимографија: Кети Пауновска Стевковска
Аниматор: Емил Пачовски
Ликовен aртист: Андријана Тасевска
Продуцент: Марко Трајковиќ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.