Во Ресен се одржа детската поетска манифестација “Детски гласови 2024”

95

На 28 септември 2024 година се одржа петтата по ред детска поетска манифестација „Детски гласови 2024“, извонреден настан како дел од програмата на „Преспански Јаболкобер 2024“, кој успеа повторно да собере гости од многу градови на нашата држава: Скопје, Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Кичево, Македонска Каменица, Пехчево, Гевгелија и секако домаќините од Ресен и Преспа.

На почеток традиционално со почит кон некогаш првите училишта- манастирите, дел од учесниците заедно со своите ментори и родители го посетија манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Јанковец, духовен храм на Преспа, каде гостите беа топло пречекани од Игумен Спиридон.
Таму ја направија штафетата „Цвеќе на мирот“ од почитуваниот сликар и хуманист г-дин Живко Поповски Цветин. Децата предавајќи ја штафетата се претставуваа и кажуваа пораки за мир. Сите деца со пораки за здравје, среќа, добрина, љубов, посакаа да нема војни во светот и да царува мирот.
Во симболика на испраќање гулаби, тие испуштија во небото шарени балони. Живко Поповски Цветин ги прогласи сите учесници на манифестацијата Детски гласови за „Млади амбасадори на мирот-2024 година“ за посебен придонес во мисијата „Цвеќе на мирот“, а во негово име Валентина Ѓоргиевска Парго од Цветиновиот комитет за мир на претседателката на здружението- организатор “ЖАР Преспа” – Ресен, м-р Даринка Веслиевска ѝ врачи „Цветинова награда за мир“.


Потоа во ресторанот Манастир во Јанковец, во непосредна близина на манастирот со роденденска торта децата го прославија петтиот роденден на здружението.
Попладнето, во спортската сала “Зоран Стојановски” во Ресен се одржа манифестацијата и се направи промоција на збирката со детска поезија „Детски гласови 2024“.
Настанот го отвори организаторот и уредник на збирката м-р Даринка Веслиевска, а со пофални зборови за творбите учесниците ги поздравија рецезентката, новинарка и уредничка Валентина Ѓоргиевска Парго, лекторот на збирката, професор по македонски јазик Влатко Стојковски, и секако и проф. д-р Елизабета Бандиловска и поетите Рамадан Далиповски и Сотир Чаушевски како членови на трочленото стручното жири.
Збирката има 77 автори деца од 8-18 години, а на настанот промоција на своите творби гинрецитираа околу 50 учесници.
Богатата програма беше збогатена со музичките точки на младите ресенчани прво Наум Бумбаровски, а потоа и Даниел Мехмед кој ја промовираше својата прва песна „Не е злато се што сјае“ и танцовите точки на Ема Кадинска и Стефанија Веслиевска, претставнички на ТСК “Спортакус” од Битола.
Водители на настанот беа Ирина Секуловска и Борјан Веслиевски.
Откако присутните учесници ги прочитаа своите творби, организаторката додели десет медали за лојалност на учесниците кои имаат петгодишно учество во речиси сите активности на здружението.
Од категоријата автори од 8-13 години според резултатите на стручното жири наградени учесници беа:
Прво место Матеј Велков 13 години од с. Ерџелија, Свети Николе со својата песна “Мојата татковина” ментор Катерина Алексова Наумова;
Второ место Розе Апостоловска 13 години од с. Покрвеник Ресен, со својата песна “Само една среќа” ментор Дивна Поповска;
Трето место Стефанија Бакулевска 13 години од с. Пештани, Охрид со песната „Срцето ми е таму горе” ментор: Емилија Митреска;
Во категоријата автори од 14- 18 години според резултатите на стручното жири наградени учесници:
Прво место Габриела Нешковска 17 години од с. Ропотово со песната “Сега знам” ментор: Соња Мирческа;
Второ место Софија Трнковска 16 години од с. Дабиље Струмица со песната “Љубов за цел свет” ментор: Васко Василев;
Трето место Теодора Тасеска 15 години од Прилеп со песната” Природен пејзаж” ментор: Марија Кузеска;
Пофалени беа и песните:
Андреј Богојевски 8 години од Прилеп Ментор: Елизабета Марковска со песната “Дете”;
Исидора Јовановска 8 години од Македонска Каменица Ментори: М-р Роза Николова и Ленче Спасевска со песната„ Дедовото село“;
Омер Чапкун 8 години од Ресен. Ментор: Ѓултен Максуд со песната „Мојот сон“;
Снежана Чавдарова 9 години од Гевгелија Ментор: Наташа Смилкова со песната „Што сака секое дете?“;
Љубица Андонова 10 години од Битола Ментор: Летка Степановска со песната „Книгата, мој најдобар другар“;
Костантина Андонова 10 години од Битола Ментор: Летка Степановска со песната “Спомени под ѕвездите”;
Наталија Кочовска 15 години од с. Сопотница Ментор: Влатко Стојковски со песната “Кога ќе останеш сам”;
Мила Ќосева 10 години од Неготино Ментор: Сузана Малчева со песната “Моите сонови”;
Лука Апостолов 13 години од с.Ерџелија, Св.Николе Ментор: Катерина Алексова Наумова со песната “Патеки на соништата”;
Вилијам Пешкирски 8 години од Македонска Каменица Ментори: М-р Роза Николова и Ленче Спасевска со песната „Екологија“;
ГРАН ПРИ награда за најубаво изрецитирана поетска творба доби Сара Стојческа 8 години од Прилеп со песната “Лето” ментор: Весна Арсиќ.
Сите учесници си добија примерок од збирката и благодарница за учество.
Наградените од првите три места покрај збирката си добија пехари и пофалници. Првите две места ваучер за викенд во Преспа од Милкуз Охрид одговорно лице Умран Бекировска.
Пофалените 10 учесници си добија награда книга од издавачка куќа Феникс.
А ГРАН ПРИ наградената доби пехар, книга и слика од бакар донација од здружението “Иднина на традицијата”.
Фотографираа: Кице Герасовски за корица, Наум Думовски за настанот.
Корицата од збирката ја украсија заштитните лица Матеа, Михаил, Ребека, Јованчо и Сара.
Помагатели на манифестацијата се:
-Општина Ресен и градоначалникот Јован Тозиевски, како и бројни ресенски компании.
Збирката ја испечати Графо Пром од Битола, а пехарите ги направи “Викели” од Прилеп.
Помагатели на манифестацијата се:
– Општина Ресен и градоначалникот Јован Тозиевски; ДОВУ Автошкола Дооел Здружение за возачи Ресен; “Рес- Ком” Ресен; “ДиМ Консалтинг Скопје” Скопје; „Солопром“ Скопје
Со материјални добра помогнаа: Издавачка куќа “Феникс” од Скопје, “Сввислион Агроплод” Дооел Ресен; Цвеќара “Арт”- Дијана Ресен; “Јаболчело” од Ресен; „Румко 91“ Дооел Ресен, “Концепт”од Ресен; Здружение за граѓани “Иднина на традицијата” од Ресен; “Преспино” од Ресен, „Милкуз“ од Охрид, Слаткарница „Сагар“ од Ресен, Сотир Чаушевски и Рамадан Далиповски подарија свои книги, Билјана Манев Живковиќ подарија Библии.
Збирката ја испечати Графо Пром од Битола, а пехарите ги направи “Викели” од Прилеп.
Учесниците беа топло пречекани во ресторанот “Манастир” од Анита и Тони Павловски.
За озвучувањето беа задолжени Ѓоко Таневски и Иван.
-Благодарност до сите што беа дел од организацијата и реализацијата на овогодинешната манифестација, упати организаторката.
Визијата, а таа се содржи во поддршка на младите поети да творат на свој мајчин јазик, овој пат доби уште едно парче од сложувалката која го носи традиционалниот наслов “Детски гласови”.

Видео снимка од целиот настан

Фотографии: Наум Думовски
Повеќе фотографии на следниов линк

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.