Започна снимањето на филмот “Соучесници”

7

10.10.2024

На локации во Ужице започна снимањето на филмот„Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен

Обрадовиќ. Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и

постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку Партизанс. Филмоте финансиран од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.