Згасна Месечниот музички билтен

18

Од ВБУ Музички регистар нѐ информираат дека згаснува нивниот музички билтен. Тие напишаа:
Почитуван читателу на месечните музички билтени креирани од тимот на ВБУ Музички регистар.
Сакаме да те информираме дека декемврискиот билтен минатата година е нашиот последен во серијата 24 билтени.
Од јануари 2023 повеќе нема да ги креираме месечните билтени.
Прекин на месечните музички билтени.
ПРИЧИНА
Под „чадорот“ наречен ВБУ Музички регистар во текот на годината се стартуваат многу подиницијативи или потпроекти. Овие проекти имаат различен век на траење, а тоа во главно зависи од соодносот на: потребната снага и време за да се реализира проектот (бараните активности) и постигнатиот ефект, односно повратната информација од оние кои би имале полза од проектот.
Месечниот билтен го реализиравме последниве 24 месеци. Првиот билтен беше испратен на околу 300 електронски адреси од кои најголем дел беа на трети медиуми, издавачи и правни субјекти што својот леб го вадат во event индустријата, односно оние што создаваат настани.
Бројката на адреси преку претплата (давање на сопствената електронска адреса за да ти стигнува пораката во сопственото електронско сандаче) нарасна на приближно 500 електронски адреси до последниот креиран и испратен билтен за декември 2022.
Просечниот процент на отворените пораки со билтенот се движеше помеѓу 25% и 35%.
Процентот на пристапување до комплетните содржини што водат од билтенот до нашиот вебсајт во просек по билтен е од 7% до 12%.

СВЕТЛАТА ИДНИНА

Како што велат старите: додека на некој не му се стемни на друг не може да му се раздени, така и во овој случај, месечниот музички билтен отиде во пензија (му се стемни), но нашето убедување дека тоа ќе отвори простор за нови проекти на кои би можеле да ги пренасочиме дел од скромните ресурси со кои располага ВБУ Музички регистар, а кои ги трошевме на месечниот билтен.
Досегашните креирани месечни музички билтени за 2021 и 2022 година се достапни на нашата страница наречена Годишен биланс. Тие остануваат да бидат достапни од таа страна за сите оние што ќе сакаат да се потсетат или да ги видат, а се разбира тие остануваат индексирани од пребарувачите како Google Search, Bing, Yahoo и други, за пред сѐ да ја раскажат приказната за македонската музика и оние што ја создаваат и интерпретираат, а понатаму и за нашиот придонес во процесот на раскажување на таа приказна.

ФИДБЕК
Една од прилините и зошто го конверирабле овој проект, месечниот билтен кон крај е и затоа што немаме информација колку навистина билтенот е корисен и вреден за оние што го добиваат и дали воопшто е вреден.
Културата на нашето македонско општество сметаме дека ја разбираме многу добро и јасно нѝ е дека во основа луѓето се расположени многу повеќе да даваат негативен фидбек и критика, отколку да пофалат нешто добро или во капиталистичкиот свет во кој се наоѓаме да го изразат тоа со плаќање на вредноста што ја препознаваат или добиваат. Но последниве 24 години многу малку добиваме повратна информација покрај статистичките податоци што ги добиваме за прегледите на билтените. Но тоа не секогаш дава вистинска вредност. Па затоа и покрај тоа што еве, го одјавуваме месечниот музички билтен, би сакале да те прашаме.
Препознаваш ли вредност во месечниот музички билтен?
Ако одговорот е позитивен на претходното прашање, која рубрика од билтенот и која конкретно содржина била/е најкорисна за тебе?
Дали би бил спремен да платиш за највредната содржина за тебе од билтенот?

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.