Mузички викенд во Скопје

752

Петок и сабота (22 и 23 март), ќе бидат полни со интересни музички настани на среќа на бројната публика, вљубеници во концерти.

На 22 -петок во ВИП Арената, најавуваниот концерт ќе го одржи Горан Бреговиќ насловен како „Три писма од Сараево“, а воедно најава дека својот роденден ќе го прослави токму пред македонската публика. По тој повод, Бреговиќ со видео порака и се обрати на македонската публика да ја покани на концерт за да и го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”, како и сите негови најголеми хитови заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпродаван Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Бреговиќ за него доби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада. Рецензиите беа објавени и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Еден ден после него Сцената на ВИП Арената, резервирана за концерт на Влатко Лозаноски. Затоа можеби Лозано и му посака добредојде на Горан Бреговиќ во Скопје. Влатко ќе го претстави својот нов музички микс на хитови, и со звуците на старите добро познати кај публиката песни, сигурно ќе направи убава музичка магија.

 

 

Во истовреме пак на 23 (сабота) во Македонската филхармонија за вљубениците на поинаков вид музика а и сите оние кои го знаат како дете -виртуоз од 80-тите години ќе имаат можност да го слушаат Стефан Миленковиќ-мајстор на виолина, кому ова е прво претставување пред македонската публика.

 

Во секој случај, многу музика и квалитетни настани

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.