Силви бенд со концерт-мјузикл „Ромален“ во Германија

652
Во организација на музичката куќа и продукција “Сил-Вла”, на 17.10.2020 година од 20 часот во градот Ахен, Германија, ќе се одржи голем, спектакуларен концерт – мјузикл „Ромален ” на Силви Бенд.
Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, броен оркестар на сцена. Ова музичко уметничко доживување минатите години се одржа и во Скопје и неколку градови и предизвика внимание. 
Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста, древноста и оригиналноста.
Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален, но и меѓународен интерес за 2020година. Најавата може да ја проследите на следниот линк http://www.altes-kurhaus-aachen.de/veranstaltung/silvy-band-romalen/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.