Скопје на 21 јуни (недела) ќе го одбележи EUROPEAN MUSIC DAY

680

Скопје годинава ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day) 21 јуни (недела)  , каде ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Главен организатор е Атина, а со настани и поддршка се вклучуваат Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага. Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.

10 часовниот музички маратон ќе биде, .пренесуван преку интерент (live-stream) и ќе пратставува вистинско музичко патување низ Европа.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.