Вечерва на Школка во Градски парк-Мултиуметнички перформанс „МАРДАМ“

677

Mултиуметничкиот перформанс „МАРДАМ“ ќе се одржи вечерва во Градскиот парк на „Школка“  каде, со почеток во 19 часот, пијанистот Арда Мустафаоглу, придружуван од квартетот „Strength“, ќе се претстави со класични дела на Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил Сај. Музиката ќе биде инспирација за ликовниот уметник Мирослав Масин да создава уметнички дела во кои публиката ќе може непосредно да ужива.

„МАРДАМ“ е скромен обид градскиот парк во Скопје да прерасне во место каде класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе бидат достапни на посетителите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.