Во Скопје се одржува 40. Меѓународниот студентски фолклорен фестивал

27

Вчеравечер Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во рамките на „Отворениот ден“ на УКИМ официјално го отвори  40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Настанот започна со дефиле на учесниците, од спомен-куќата на Мајка Тереза со почеток кон  ,,Плоштадот Македонија“ .

Годинава на Фестивалот ќе учествуваат: Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.