Од како помниме, денот 1 септември (освен ако не е сабота или недела ) е значаен ден по започнувањето на новата учебна година, која трае се до 10 јуни следната година.
Денеска започнува новата учебна 2025/2026 година, а во училишните клупи ќе седнат вкупно околу 245.000 ученици. Според најавите од Министерството за образование и наука (МОН), од нив 177.800 се основци, а 67.200 средношколци.
Иако, училиштата се подготвени да ги пречекаат првачињата со неколку значајни новитети во образовниот процес, официјалните бројки сепак даваат една разочарувачка слика која го потврдува негативниот демографски тренд, односно дека бројот на ученици во државата и понатаму се намалува. Оваа година се запишаа околу 60.000 првачиња.
Состојбата е уште позагрижувачка ако се имаат во предвид податоците кои покажуваат дека во последната декада – од учебната 2014/2015 година, македонските училници биле попразни за речиси 28.000 ученици, што е еквивалент на исчезнување на десетици училишта.
Има општини каде училишните згради останаа празни. Затворени или „во мирување“ годинава се 5 подрачни училишта – две во Општина Маврово и Ростуше и по едно во Пехчево, Валандово и Ресен.
Со нови учебници и најава за поорганизиран воспитно-образовен процес започна новата учебна 20225/26 година.
Ученици среќно!


































