55 години од фестивалот „Златно славејче“

На 15 и 22 ноемврим во Македонскиот народен театар ќе се одржи најстариот македонски детски фестивал Златно славејче. Воедно фестивапт ќе го прослави својот 55 роденден. Планирани се шест претстави двата дена, од 10, 14 и од 17 часот и неколку изненадувања по повод јубилејот на фестивалот со кој израснаа многу генерации.

Фестивалот Златно славејче е основан во ноември 1970 од неколкумина членови на Советот за грижа и воспитување на децата на Град Скопје: композиторот Александар Џамбазов, кој беше уметнички директор на фестивалот, поетот Васил Пујовски и Благоја Јордановски, кој во тоа време бил секретар на Советот.

Славејче е најстариот детски музички фестивал на Балканот и втор најстар во Европа. Првото издание насловено „Бираме златен глас“ се одржа на 23 мај 1971 во Драмскиот театар во Скопје. Биле испеани 25 детски песни, а меѓу учесниците биле и Игор Џамбазов и Благој Маротов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.