Постхумна ревија на модната креаторка Фросина Кулавкова, на филналето од „Топ Модел Европа Балкан“ во Белград

На претстојното финале на „Топ Модел Европа Балкан“, кое ќе се одржи во хотелот „Москва“ во Белград, ќе биде прикажана постхумна модна ревија, во чест на македонската модна дизајнерка Фросина Kулавкова.

Кулавкова,  трагично го загуби животот, откако беше прегазена на пешачки премин на улицата Партизанска. Нејзината модна досега необјавена модна колекзија,  ќе биде одбележана со специјална трибјут ревија. Оваа ревија  ќе претставува симболична почит кон нејзиниот талент, визија и моден печат кој го остави на македонската сцена.

Освен трибјут-ревијата за Kулавкова, вечерта ќе ја збогатат и ревиите на уште две реномирани македонски дизајнерки. Шалева, позната по своите модели од висока мода и стилскиот потпис што го остави на многу јавни личности, ќе претстави нова колекција инспирирана од елеганцијата и самодовербата и Ирина Тошева, пак, ќе донесе свежина и експериментален дух, преку иновативен дизајн и препознатлива креативност.

Победниците од финалето во Белград ќе имаат можност да го претставуваат Балканот на големото европско финале во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите таленти од целиот континент. Душица Шалева јавно изразува желба, некој од Македонија да го претставува Балканот во Брисел.

Жирито ќе ги оценува натпреварувачите според целокупниот приод во модните креации.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.