Википедија – Уредувачки маратон на тема ‘’Жените во уметноста’’

7

На ден 14 март 2022 година се одржа уредувачки маратон на тема ‘’Жените во уметноста’’. Активноста е дел од глобалниот повик Celebrate Woman којшто се одвива во текот на месец март. Настанот се одвиваше на повеќе локации низ Македонија. Охрид, Велес и Скопје (Чифте Амам). Учествуваа Вики Клуб Охрид и Вики Клуб Велес. На уредувачкиот маратон се приклучија 41 учесници, создавајќи 239 нови статии. Ова беше еден од поголемите настани во организација на Глам Македонија. Во следниот период од Глам Македонија најавуваат уште бројни активности кои се планирани за 2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.