Македонски средношколци на пракса во Шпанија: Покажавме знаење и голем потенцијал на стручното образование

195
13.11.2021, Скопје
Седум ученици од
средните училишта АСУЦ „Боро
Петрушевски“ и СУГС „Владо Тасевски“
од Скопје реализираа едномесечна
пракса во компании во Севилја, Шпанија,
од каде се вратија со поголемо
професионално и практично искуство.
Посетата се реализираше во рамки на три
годишен проект INTERVET Западен Балкан [1],
кој ќе овозможи над 360 ученици од
стручните средни училишта од земјите
од Западен Балкан (Албанија, Косово,
Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија) да реализираат
едномесечна пракса во странство. Сите
трошоци поврзани со патувањето и
престојот се покриени од проектот во
рамки на програмата за мобилност Erasmus +.
Овој проект има за цел ги зајакнува
техничките и професионалните вештини
на учениците од средните стручни
училишта преку имплементација на
стекнатото теоретско знаење во реална
работна средина во согласност со
нивната струка. Сето ова придонесува до развој на нивните индивидуални
квалификации и можноста за понатамошно вработување во нивниот сектор.
Координатор на проектот за нашата
земја е НЦРИПУ – Национален центар за
развој на иновации и претприемничко
учење.
Средношколците Мирхан Јусуфи, Бојан
Лазоски, Џастин Халил, Филип
Стојановски, Милена Цветковска, Арсим Фазли и Методија Михајловски го споделуваат своето искуство по
враќањето од едномесечна пракса.
„Нашата група од 7 ученици беше
компактна, се надополнувавме и одлично се разбиравме. Мислам дека ќе останеме другари до крајот на животот. На работното место во компанијата Eurotaller Morales y Mulero научив многу за процесите потребни за автомобилската индустрија“, вели Мирхан Јусуфи.
Бојан Лазоски истакнува дека имал
прекрасно искуство, во кое многу научил и за шпанскиот народ и култура, за начинот на живот во Севиља, а работата во компанијата му отворила сосема нови перспективи за понатамошниот кариерен развој Џастин Халил, пак, практичната настава ја изведувал во компанијата за
Talleres Reju, каде како што вели бил пријатно изненаден од третманот кој го имал.
„Вработените ме третираа како рамен на нив, се стекнав со голема самодоверба. Научив многу за мојата струка – автомеханичар. Додадена вредност од целиот престој беше и тоа што за прв пат живеев самостојно; бев одделен од моето семејство цел месец“, раскажува Џастин.
Филип Стојановски за време на
едномесечниот престој бил ангажиран во две компании.
„Во втората, големиот ланец на
супермаркети Carrefour Express, стекнав многу нови работни навики и научив како се складираат производите во магацините, како се средуваат полиците во супермаркетите, како се евидентираат производите и сл. Вработените во Carrefour имаа одговор на секое мое прашање.
Некои од нив не знаеја англиски јазик,
но сепак успеавме да се разбереме за
сите работи. Пак би сакал до одам на
слична пракса, сега во друга земја и да
ја разберам и нивната култура и начин
на работа“, вели Филип.
Милена Цветковска практична настава
изведувала во компанијата Logistics platforma Sevilla, каде била ангажирана во активности поврзани со средување на документација, и научила многу за тоа како функционира логистиката во
компанијата. Особено го истакнува тоа
што колегите од компанијата биле многу добри ментори и несебично го
споделувале своето знаење.
Арсим Фазли вели дека многу од работите кои се учат на училиште теоретски, за време на престојот во Шпанија тука ги применувал во пракса.
„Сфатив дека имаме и знаење и дека
можеме. Сакам да им порачам на сите мои соученици, но и на сите млади да ги
користат ваквите можности и да се
обидат да одат на практична работа во
странство, бидејќи многу ќе научите и
ќе имате шанса да се прошетате и видите нови работи“, кажува Фазли.
Методија Михајловски доаѓа од
електротехничката струка, а преку
пракса во компанијата Interantena научил многу за работа со различни
електронски уреди, антени, испитување
на сигнали. Методија е горд и на тоа што научил да говори малку и шпански јазик и им препорачува на сите ученици да ги користат ваквите шанси кои
придонесуваат до отворање на
погледите, запознавање нови места и
земји, нови компании и стекнување на
нови пријатели.
Средношколците во Севиља престојуваа во придружба на Јелена Костиќ, која е проектен асистент во НЦРИПУ.
„Учениците редовно ги извршуваа
своите работни обврски и на крајот беа
пофалени од организаторите дека сите
се покажаа одлично. Имавме време и да прошетаме, Севиља е навистина
прекрасен град. Сметам дека сите
ученици се вратија со позитивни
искуства од оваа пракса“, раскажува
Костиќ.
Следните две ученички пракси во
странство во рамките на овој проект ќе
се одржат во Лион, Франција во периодот
од 15 февруари до 15 март 2022, и во Болоња, Италија во месец јуни 2022. Рокот за пријавување за Лион е до 17.11.2021 година, а сите заинтересирани ученици повеќе
информации може да најдат во повикот [2]
со сите информации за условите за
реализација на праксата,  по што може да започнете го процесот на аплицирање [3], сугерираат од Национален центар за развој на
иновации и претприемничко учење.
Links:
——
[2]
[3]
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.