Театарски експерт од Франција, Метју Пулет, со работиница во Битола

Заврши петдневниот едукативен проект на Францускта Алијанса во Битола.

Познатиот театарски експерт од Франција, Метју Пулет, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“.

Работилниците ги следеа ученици по француски јазик од Битола кои низ креативни работилници и специјално креирана апликација Faune и се здобија со поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот.

Во рамки на проектот се одржаа работилници за професорите по француски јазик за употреба на театарски техники при изучување на францускиот јазик, како и за ученциите по француски јазик и мултимедијално искуство на кои им беше овозможен разглед и интерпретација на изложба поместена во ООУ „Климент Охридски“ во Битола.

Едукативниот проект „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“ го организираа ЦКД Битола, Француската алијанса од Битола во соработка со Францускиот институт во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.