Кинотека со конференција за наставници на тема „ Примена и креирање на видеосодржини за наставни цели“

28

На 23 септември 2024 година со почеток во 12 часот, НУ Кинотека на Р. С Македонија ќе биде домаќин на конференција на тема „Примена и креирање на видеосодржини за наставни цели“. Конференцијата е дел од проектот „..и Акција!“ во рамки на програмата на ЕРАЗМУС +, подржан од Европската Унија.

На самата конфереција Кинотеката на Р. С. Македонија, која е една од петте партнери во овој проект, ќе учествува со свои излагачи: м-р Игор Старделов, советник филмолог и раководител на филмскиот архив во Кинотеката на Р. С Македонија кој ќе има своја презентација на тема: „Да се заштити и да се прикаже: прилози за развојот на филмската архивистика“, м-р Александар Трајковски- виш филмолог во одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни дела и придружна филмска документација, кој ќе ја презентира темата: „Технички елементи на продукција на едукативно видео“ како и м-р Дамјана Патчева, виш филмолог во одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма, која ќе ја презентира темата: „Етапи на развој на проектот „…и Акција!“.

Како дел од оваа конфереција со свои презентации ќе учестуваат и проф. д-р Розалина Попова Коскарова (Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, УКИМ) на тема: „Потреба од креирање на видеосодржини за едукативни цели“, Марија Џиџева (филмски режисер, обучувач во рамки на проектот „…И Акција“) на тема: „Стисни копче и – Акција!“ и м-р Селсебил Караагач (професор во ПСУ „Јахја Кемал“, учесник на обука во рамки на проектот „…И Акција “) на тема: „Дигитализација на наставата, искуства, предности и позитивни страни“.

На конференцијата ќе се презентираат и резултатите од проектот „…и Акција!“, како и развиените ресурси. Сите резултати од проектот може да се погледнат на платформата www.andactionproject.eu, каде е достапна и онлајн обуката за креирање видеа.

Проектот е дел од програмата ЕРАЗМУС +, поддржан од Европската Унија, објавува Миранда Ала Речи, филмолог.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.