Литературно читање, концерт на ООМУ „Васо Карајанов“ и изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија

25

Во организација на Општина Гевгелија, 3 ноември, 2022 година Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, беше одржано Литературно читање на тема: „Женските права во 21 век”, и беа прочитани наградените есеи на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.

Беа доделени Решенијата за парични награди на авторите на наградените есеи, како и дипломи, благодарници и симболични подароци на сите ученици и ментори кои учествуваа на распишаниот Конкурс за есеј на тема: „Женските права во 21 век“. Имено, формираната Комисија за оценување на есеите по  Конкурсот донесе Одлука за наградени  беа  авторите:

– Александра Василева од III-1, под менторство на Жаклина Атанасова,

– Ирина Прошева од III-3, под менторство на Жаклина Атанасова и

– Сара Стамкова од II-9, под менторство на Даниела Џишева.

 

 

***

Исто така на  3 ноември, 2022 година), беа одржани Концерт на ООМУ „Васо Карајанов“ и изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија.

Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, на целовечерниот Концерт на класична музика, настапија учениците од Музичкиот оддел при ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.

На програмата, беа застапени 12 дела од различни композитори, изведени на музичките инструменти што се изучуваат во Музичкото училиште- пијано, виолина, флејта и кларинет.

Во Клуб-галеријата на Народниот театар- Гевгелија, беше отворена Ликовна изложба, со дела на 17 ликовни уметници од Гевгелија. И, тоа, на: Боро Петров, Перо Кованцалиев, Александар Јанев, Анамарија Мириќеска Кал’чева, Адриана Манчева, Атанас Крстев, Вангел Срнаков, Гордана Петрова, Драги Хаџи-Николов, Иван Кал’чев, Јордан Јанев, Катерина Чугунска, Мирјана Крстева Массетти, Михаил Петров, Никола Бутров, Сотир Хаџи- Никола и Фиљо Танов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.