На Машинскиот факултет во Скопје – Саем за пракса и вработување

18

31.10.2022, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го отвори Саемот за пракса и вработување. Во лобито на Машински факултет се поставени штандови на вкупно 24 добро познати компании кои веднаш го привлекоа вниманието на идните инженериод Машинскиот факултет, но и останатите студенти од инженерскиот кампус.

,,Соработката меѓу индустријата и факултетите е клучна за економски и општествен раст и развој. Во следните денови, компаниите ќе ги претстават своите можности за соработка пред студентите на УКИМ. Саемот ќе се одржува до 03.11.2022, па ги повикувам сите идни инженери да воспостават контакти и да ги откријат можностите за развој на кариерниот пат во водечки компании во нашата држава.” – изјави проф. д-р Радмил Поленаковиќ, редовен професор на Машински факултет-Скопје и раководител на Центарот за кариера при Машинскиот факултет.

Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев посочи дека  „целта на саемот е да се зголеми соработката помеѓу Универзитетот и стопанството во насока на подобрување на вработливоста на студентите преку поголем број на реализирани пракси во компаниите и заеднички проектни и дипломски работи.Саемот за пракса и вработување нуди единствена можност за регрутирање на најдобрите сегашни студенти, а идни инженери од Машинскиот факултет во Скопје“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.