НА ТРЕТИ ЈУНИ: Образованието е (при) сила- образованието е (не)моќ

52

Втората изведба на форум театарската претстава „ОБРАЗОВАНИЕТО Е (ПРИ)СИЛА – ОБРАЗОВАНИЕТО Е (НЕ)МОЌ“ во организација на Детската амбасада Меѓаши – програма за Мировно образование, ќе се изведе во салата на киното Милениум, на 3 јуни 2022 година, со почеток во 17. 30 часот.
Настан на кој група професорки и професори ќе прикажат како изгледа мобингот во училиштата, социјалното исклучување, злоупотребата на службената положба, партизацијата и партиските привилегии!
Форум тетарот/театарот на угнетените е креативна форма на партиципативен театар кој создава можности за дискусија на теми што може да се карактеризираат како емоционално набиени и дава простор за креативно решавање и поинакво видување на проблемите. Темите што се разработуваат се од реалниот живот и пракса и се претставени преку куси етиди/пиеси по кои следува интеракција со публиката. На претстојниот форум тетатар ќе бидат прикажани две куси етиди. Групата професор(к)и од 9 средни училишта ја идентификуваа партизацијата во образованието како еден од клучните проблеми со кои тие се соочуваат на своите работни места. Базирано на овој и други проблеми, тие ќе прикажат сцени каде што ситуациите на пониженост/угнетеност се јасно видливи.
Форум театарската техника овозможува гласно говорење за чувствителните теми кои сите не засегаат, но и активно учество во креирањето различни решенија. Сцената ќе биде нашето огледало во кое секој/а ќе се пронајде себе си и својата општествена улога.
На форум театарската претстава „ОБРАЗОВАНИЕТО Е (ПРИ)СИЛА – ОБРАЗОВАНИЕТО Е (НЕ)МОЌ“, влезот е слободен.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.