Писмо: Револтирани родители, бојкотираат настава 

40
 
Ние, родители на ученици во 4б ООУ Владо Тасевски – Скопје, продолжуваме со реакцијата за нерамноправниот третман на нашите деца од страна на училишната управа и директорката Викторија Кочовска, поради тоа што во учебната 2022/2023 година нашите деца се осудени да одат на настава САМО во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот).
Поради отсуство на слух за нашиот проблем од страна на управата на ООУ Владо Тасевски – Скопје и директорката Викторија Кочовска и покрај неколкуте реакции од родителите од мај 2022 до сега, денес во огромно мнозинство ја бојкотираме наставата.
Директорката Кочовска не превзема ниту еден чекор во насока на разрешување на проблемот со 
капацитет на простории што го мачи училиштето со години. Како и годините наназад така и овој пат 
ние се соочуваме со отсуство на било каква реакција и покрај нашите барања. 
Од тие причини, како што најавивме во вчерашната информација и изјавата за медиумите, ние денес реагираме со бојкот на наставата. Се надеваме дека ова е предупредување после кое најитно ќе се пристапи кон сериозно разрешување на овој проблем за доброто на нашите деца и нивниот нормален развој.
Потсетуваме дека БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА
НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ. 
Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме принудени нашиот револт од вакватадискриминација да го изразиме со понатамошен бојкот на наставата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.