Јавен повик за доделување на стипендијата  „Билјана Василевска Трајкоска“

6.02.2025
Сојузот за младинска работа (СМР) го објавува јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски академски студии по младинска работа.
Оваа стипендија е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес во развојот и професионализацијата на младинската работа во нашата држава.
Стипендијата е наменета за сите заинтересирани лица кои планираат да се запишат напоследипломските студии по младинска работа на Филозофскиот факултет приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ги исполнуваат критериумите за упис на оваа студиска програма.
Заинтересираните кандидати треба да ја достават потребната документација најдоцна до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот.
Детални информации за условите за аплицирање, потребната документација и процесот на селекција се достапни на официјалната веб-страница на СМР на следниот линк:
 https://smr.org.mk/2025/01/31/јавен-повик-за-доделување-на-стипендии/
Сојузот за младинска работа останува посветен на унапредување и развој на младинската работа во Република Северна Македонија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.