Јанева – „Министерството си ја завршило својата обврска и не прифаќа да се зборува дека и оваа година нема доволно учебници“
„За училиштата во кои недостасуваат учебници, затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати. Истите ќе бидат поставени на веб-страницата на Педагошката служба“, изјави денеска на прес конференција министерката Весна Јаневска.
Според нејзиното образложение, Јаневска вината ја префрли кај самите училишта, нагласувајќи дека од нивна страна се испорачани онолку учебници колку што биле пријавени од страна на училиштата.
„На Министерството му е сеедно дали ќе отпечати милион или милион и двесте илјади учебници затоа што имаме рамковна спогодба за печатење“, истакна Јаневска.
Според неа, Министерството си ја завршило својата обврска и не прифаќа да се зборува дека и оваа година нема доволно учебници.
Како што нагласи, поставени се јасни правила, има јасен и прецизен закон што функционира, упатства и правилник за работа кои „од следната година ќе мора да се почитуваат до последен детал“.
Мартин Матас