Почетна ОБРАЗОВАНИЕ ОСНОВНО И СРЕДНО Упис на првачиња во учебната 2022/2023 година во Гевгелија

Упис на првачиња во учебната 2022/2023 година во Гевгелија

123

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се органиизра во три периоди.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2022 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно
задолжителен за сите деца родени во текот на 2016 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2017 година.
Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај, 2022 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на
реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на
следниве телефонски броеви:
– ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија 078/447-373;
– ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија 070/624-311;
– ООУ „Климент Охридски“ – Миравци 071/367-717;
– ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци 075/260-839.
Доколку родителот има интерес, пријавата и документите
потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.

metropolis-big