Заедно да го одбележиме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука

6

4 мај, 2922 година

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.
На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Владата на Република Северна Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.
Утре, по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот.
Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори.
Ќе учествува и пејачката група и оркестарот при КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.
Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.
Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.