Балетското дело во два чина „Госпоѓа Бовари“ на 18 ноември во...

На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се  изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од  безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу  копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна  и денес.  Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја  потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува  духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од  дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих  Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина).  Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист –  Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.  Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска,  во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже,  заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.  „Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и  сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија,  постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените  ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната  длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи  незаборавно сценско искуство. 

Топ тренд храна, за 2025 во светот

Во 10-те топ тренд јадења и освежителни пијалоци, се сместени протеините, чајот и зеленчукот. Додека со шоља чај и коцка протен можете да ја поминете...

11 ноември 1963 – Во Скопје излегол првиот број на дневниот...

Вечер“ — македонски дневен весник со седиште во Скопје . Првиот број излегол во на 11 ноември 1963  година и весникот сеуште излегува како...

Филмот „Ритам на животот“, на Филмскиот фестивал во Солун доби...

Долгометражниот филм „Ритам на животот“, e  соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ . Тој на 66 Филмски фестивал...

Фестивал на чај, од 14 до 16 ноември во Скопје Сити...

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на...