Премиера на “Лилјакот“ од Јохан Штраус на 25 октомври

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната  опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите 
времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана 
за 28 октомври, 20.00 ч. 
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија 
Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор 
е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска. 
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата 
Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, 
Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со 
хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. 
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. 
Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, 
недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови 
и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација 
создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. 
„Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што 
повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на 
виенскиот шарм и музичката магија.  
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.