Распишан конкурс за најдобра поема

Центарот за култура „Григор Прличев“ го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 22 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.
Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи.

Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.
За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од РС Македонија.

Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУЦК „Григор Прличев”- Охрид, ул. „Македонски просветители” 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема Григор Прличев”. Поемите што нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата.
Согласно правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, Комисијата ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација за резултатите од изборот.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.