“Вон боите”, изложба на Висар Мулиќи

161

“Вон боите”, изложба на Висар Мулиќи, претставник на косовската уметничка сцена. Во Националната галерија на Република Северна Македонија, во галерискиот простор Чифте амам, ќе биде презентиран пред македонската публика со изложба под наслов „Вон боите“. Отворањето на изложбата е закажано на 28 октомври 2021 г., во 19 часот, а ќе трае до 5 ноември 2021 г.

Пред експресивните дела на Висар Мулиќи се наоѓате во турбулентен универзум, каде егзистенцијалната грижа и искуство на авторот, неговата емоција се заглавени во психологијата на голем број фигури, понекогаш апстрахирани како динамични точки каде испреплетените кадри пулсираат непрекинато. Овие експресивни фигури се претвораат во оригинален лајтмотив во неговата креативност, како и со видливи и скриени тензии во композициските структури, понекогаш поетски, а понекогаш и драматични.

Секој елемент што се користи во неговите дела се појавува како чиста форма сам по себе без да преземе обврска да пренесе некоја посебна порака.

Делата на сликарот Висар Мулиќи докажуваат долг пат, каде професионалноста и уметничката оригиналност постојано се натпреваруваат со личната слика, сега целосно формулирана со експресионистичка димензија, што ја зголемува гледаноста и задоволството кај јавноста.

Биографски податоци.

Висар Мулиќи е роден во 1966 година во Приштина. Студиите ги завршил на Факултетот за Уметности на Универзитетот во Приштина во 1990 година и магистрирал во 1997. Од 1995 година работи како асистент, професор и доцент по сликарство на Факултетот за уметности на Универзитетот во Приштина. Неговата уметничка креативност вклучува современо експресионистичко сликарство со изразена чувствителност кон материјалот со кој работи.

Учествувал на многу групни и неколку самостојни изложби на Косово и на меѓународна сцена: Косово, Австрија, Албанија, Македонија, Франција, Јапонија, Белгија, Германија, Швајцарија итн., од 1992-2004 година учествува во сите колективни изложби.организирани од „Здружението на уметници на Косово“.Живее и работи во Приштина. Куратор Зени Бала.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.