Почетна УМЕТНОСТ Во Музејот на град Ријека – Самостојна изложба на Мице Јанкуловски

Во Музејот на град Ријека – Самостојна изложба на Мице Јанкуловски

Во Музејот на град Ријека „Коцкица“ од 23 овој месец, па се до 3 ноември, отворена е самостојната изложба на слики и видеа од Мице Јанкуловски „Коегзистенција – црно и црно“.

На отворањето на изложбата, покрај директорот на Музејот на град Ријак, Младен Урем, присуствуваа и зедоа збор Ермина Дурај (раководител на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на Приморско-Горанскиот округ), Корнелија Конеска, куратор на изложбата. Изложбата ја отвори градоначалничката на град Ријека, Ива Ринчиќ.

Директорот на Музејот, Младен Урем, истакна дека оваа изложба е „уникатно културно искуство за жителите на Риека“, бидејќи ги комбинира традицијата и модерноста и ја претставува Македонската уметност „на глобално релевантен начин“.

Корнелија Конеска го објасни концептот на изложбата, нагласувајќи дека авторот ги истражува бескрајните можности на црната боја преку монохроматски, минималистички и модуларен принцип, истакнувајќи: „Црната е боја на драмата – драмата на животот“!

Настанот, со посебно значење го обележа настапот на Друштвото на Македонците во Ријека „Илинден“ со што започна традиционалната манифестација Денови на македонската култура во Ријека 2025.

metropolis-big