Изложба на традиционални носии со живи скулптури “Колоритот на традицијата”

48

Со Изложба на традиционални носии со живи скулптури, денеска, 14.07.2022, завршуваат програмските активности за втората недела од „Гевгелиско културно лето“. Изложбата насловена „Колоритот на традицијата“, на која ќе бидат претставени традиционални носии за социјален статус девојка, ќе биде отворена на платото пред Народниот театар, со почеток во 21:00 часот. Заинтересираната публика ќе има можност да погледне традиционални носии од етничките предели: Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Мијаци Азот, Мегленски Власи, Дурачка Река, Охридско Поле и Голо Брдо.Имено, вчера, во рамките на „Гевгелиско културно лето“, на платото пред Градската библиотека, со свечено обраќање на Претседателството и читање поезија на членови беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија,а веднаш по завршувањето на настанот, на летната тераса на хотел-казино „Аполонија“ беше отворена Завршната изложба на ликовната колонија „Аполонија“

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.