151 рози за Делчев

52

Во свој миротворно – уметнички стил македонскиот хуманист Живко Поповски Цветин го празнува 151 роденден на Великанот Гоце Делчев, кој се слави денес, 4 февруари.
По тој повод, вчера во скопското ОУ “Гоце Делчев” со 5/а и 5/б одделение одржа ликовна работилница на тема, “151 рози за Гоце Делчев”.
Славјето продолжи со пензионери со млади срца со кои му оддадоа почит преку рецитации и споменување на делото на Учителот, а потоа денес и пред неговиот споменик во центарот на Скопје.
Цветин минатата година одржа пригодни мироцветоносни настани во штипско Ново Село, Универзитетот, основното училиште и библиотеката кое го носи неговото име во Штип, на автопатот Гоце Делчев, но и во истоименото скопско училиште.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.