ДЛУМ рекапитулација!

57

На крајот на оваа јубилејна година и покрај бројните предизвици со кои што се соочуваме, со задоволство можеме да се пофалиме со реализација на целокупната Годишна програма која ја сочинуваа 5 изложби:
– „Поместени граници“ под кураторство на Сафет Ахмети реализирана на платформата твитер
– „Современа скулптура“ со селектор Благоја Варошанец во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ
– „Експериментален цртеж“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ
– „МиниАРТура“ во Културно Информативниот Центар КИЦ
– „Мал формат“ во Културно Информативниот Центар КИЦ
Со особена гордост и огромно задоволство по повод 75 годишниот јубилеј на ДЛУМ ја реализиравме најголемaтa изложба во историјата на македонската современа уметност под покровителство на Претседателот на Р.С. Македонија Г-дин Стево Пендаровски
– „75 години ДЛУМ – јубилејна изложба“ на која што беа претставени 292 автори во два објекти на Национална Галерија – Чифте Амам и Мала станица
По повод одбележувањето на 75 годишниот јубилеј на ДЛУМ издадовме и
монографија „75 години ДЛУМ“ чии автор е Проф. Д-р. Кирил Пенушлиски
Реализиравме и една ново востановена изложба посветена на младата генерација членови на ДЛУМ
– „Нови енергии“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ
Продолжуваме и наредната година посветено да работиме, да се бориме за добивање на сопствен галериски простор и да придонесуваме за издигнување на ликовната уметност на повисоко ниво.
Тимот на ДЛУМ ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници пред се добро здравје , успешна и креативна година, со почит, Друштво на ликовни уметници на Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.