Европски денови на културно наследство 2019 со Конкурс до најмладите

1430

Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 50.000 настани што се организираат на годишно ниво во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција и повеќе од 30 милиони посетители, ЕДКН како заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија, претставуваат единствен пример на иницијатива што потекнува од теренот и е организирана со партиципација на милиони граѓани на Европа.

Децата и младите луѓе имаат клучна улога во иднината на заштитата и промовирањето на културното наследство и го претставуваат најзначајниот ресурс за креативни идеи и воопшто, за придонесот кон културата. Поради тоа, беше иницирана Европската недела на креатори на културното наследство, како клучна иницијатива на ЕДКН во рамките на Европската година на културното наследство 2018, којашто беше организирана и промовирана со двата слогани: „Европска година на културното наследство: Уметност на споделувањето“ и „Нашето наследство: Онаму кадешто минатото се сретнува со иднината“.

Целта на оваа иницијатива е да им се даде вистински и значаен глас на децата и младите луѓе и на тој начин да се откријат и поттикнат идните творци на културно наследство во Европа. Во исто време, целта на Европските денови на културното наследство е да се надополни дефиницијата на европските вредности на наследството со гледиштата на најмладите. Иницијативата се однесува на „приказните“ коишто децата и младите ќе ги истражуваат и ќе одлучат да ги раскажат како сопствена интерпретација на културното наследство што ги опкружува. Ова е креативна можност за нашите најмлади активно да ги истражуваат и промовираат своите локални културни и историски знаменитости.

Во рамките на оваа активност, се охрабруваат децата и младите луѓе да ја истражуваат својата околина, да го запознаат културното наследство што ги опкружува и да изнајдат приказна за Европа во наследството што го одбрале. Приказните можат да бидат поставувани од страна на самите учесници, нивните родители или законските старатели.

Приказната се поставува во форма на дигитална слика (фотографија, слика, цртеж, графика, илустрација или стрип) на ЕДКН Порталот, заедно со текст којшто дава дополнително објаснување. Значајно е да се напомене дека националниот координатор ги одредува конечните правила што ќе ви даваат смерници во рамките на оваа иницијатива.

Европска недела на културно наследство е со цел:

– Да ги инспитира и охрабри децата и младите луѓе да го разгледуваат, истражуваат, анализираат и да се ангажираат околу културното наследство во нивното опкружување, како и да го поттикне нивното чувство за припадност кон заеднчкиот европски простор.
-Да ги соберат искуствата и приказните за тоа како децата и младите луѓе ја доживуваат европската димензија на нивното локално културно наследство.
– Да придонесат кон тоа да се идентификуваат и промовираат заедниците на млади луѓе коишто пројавуваат интерес за културното наследство.
– Да го насочат вниманието кон идните Креатори на културно наследство и да ги поврзат нив со другите љубители на наследството од останатите делови на Европа.

За кого е наменет Конкурсот? 
– Деца и младинци на возраст од 12 до 18 години
Ако сте младо лице на возраст од 12 до 18 години и ако сте заинтересирани за разгледување, истражување и доживување на околината и наследството околу вас, тогаш вие сте вистинскиот #Креатор на наследство којшто го бараме! Се што треба да направите е да побарате од вашиот родител или законски старател да постави слика или видео од наследството што сте го одбрале и кратка информација за вас (вклучително и името и возраста) преку веб-страницата на ЕДКН и вашата приказна ќе биде објавена на EHD Portal (порталот на ЕДКН).
Со цел вашата приказна да биде промовирана, ви даваме на знаење дека приказните треба да бидат поднесени во присуство и со асистенција од страна на родител, наставник, музејски едукатор или законски старател.

Како може да ја раскажете својата приказна?

Европските денови на културното наследство ги покануваат младите раскажувачи да ја претстават својата визија за европската димензија и за тоа кои европски вредности се отсликани на нивните културно-историски градби и локалитети.

За повеќе информации и пријава на  страницата Национален настан на www.europeanheritagedays.com , во секцијата на Книгата за посетители, којашто е достапна од 11 март 2019 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.