Почетна УМЕТНОСТ Изложби Колажи од Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ од вечерва во “Јадро”

Колажи од Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ од вечерва во “Јадро”

Вечерва, 5.11.2024, Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ ја подготвуваат својата заедничка изложба со колажи, во КСП центар “Јадро” Скопје.

Свеченото отворање е од 20 часот.
Сузана Арсова е родена во Скопје, дипломирала на природно математички факултет, група математика, а работела како професорка по овој предмет.
Сликите (на фотографиите) ги работи во комбинирана техника колаж- текстил, картон, суви лисја, пластика, најлон, монистра, накит и сѐ друго, остварувајќи личен сликарски стил инспириран од геометриски форми на традиционалните шари, цветните орнаменти, со внимателно одбрани детали, реобликувани и споени материјали.
Слично, претходно изработените парчиња на облека ги трансформира и рачно ги доработува, естетски ги поврзува и ги стилизира до нови креации за реализирање на модна ревија.
Прва самостојна изложба ја организирала во Галерија “Ко ра” во Скопје во 2023 година.
Во периодот од 2022 до 2024 учествува на десет групни изложби во галерија “Ко Ра”, учесничка е на мултикултуената изложба на 60 уметници од Македонија, пеикажана овде и си помош на Амбасадата на Австрија во Виена, Австрија.
Учествувала на 43 изложби на ликовни уметници аматери од Македонија во КИЦ Скопје, во 2004 година, на која ја добива наградата за сликарство за сликата “Портрет”, колаж и учествувала на 44. традиционална изложба на ликовни уметници- аматери од Македонија во КИЦ Скопје, во 2006 година.

metropolis-big