Меѓународен ден и Европска ноќ на музеите 2019- Настани во Меморијалниот центар на Холокаустот

578

По повод Меѓународниот ден на музеите, Фондот на холокауст на Евреите од Македонија организира неколку интересни настани.

Активностите ќе се реализираат во Меморијалниот центар на холокаустот, на 18 и 19 мај, и со тоа  и прв пат се вклучуваат во одбележување на овој ден на музеите. Покрај учество во организираните интересни настани, посетителите  ќе имаат можност да ја  погледнат и новата постојана музејска поставка. Темата на годинешниот ден на Музеите 2019 е „Музеите како културни центри, иднината на традицијата“ .

Од  10 часот ќе биде одржана работилница за деца, изработка на глинени предмети со еврејски симболи. а претходниот ден децата ќе имаат можност да ја  видат поставката со приод кон ставање на акцент на животот на Евреите пред војната, секако со холокаустот кој прекинува една голема култура која потоа се возобновува. Работилницата ќе ја води Жаклина Мучева, а на крај ќе има презнтација на сработеното. Активностите продолжуваат во 11 и 30 часот со Изложба и завршна манифестација на детски цртежи, учесници на традиционалниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“ (годинешните и најдобрите од предходните години) . Со ова Музејот ќе го одбележи пет годишниот јубилеј на детско ликовно творештво на тема ХОЛОКАУСТ и соработката на училиштата со Меморијалниот центар.

Понатаму во текот на денот ќе биде одржан завршен настан и промоција на мобилна апликација -„Скриените богатства на Старата скопска чаршија“, потоа предавања на теми
„Палатите на Евреите во Скопје“со предавач Василка Димитровска HAEMUS и
„Искуството на сефардите во Македонија“ – култура, антропологија, културно наследство , со доцент д-р Иванка Апостолова

Во текот на овие два дена, ќе биде овозможена и продажба на  книги со намалена цена и бесплатни билети и посета на постојаната музејска поставка, како во сите музеи во светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.