“Опсидијан”, изложба во МКЦ

28

Отворање на самостојна изложба на Бурџу Мусли
Галерија 2 МКЦ
17 февруари 2023 година
20 часот

Животот не е живот кога ти е духот мртов.
А духот ти е мртов кога животот e ограничен.

Бурџу на оваа изложба ќе изложи фотографии и дигитални колажи. Уметничката оваа изложба ја доживува како скапоцениот камен – опсидијан, кој е со сета моќ на космосот и кој го подарува на сите жени што се “заробени” и имаат потреба од силата на овој камен. Опсидијан е Камен со вулканско потекло и поврзан со енергијата на правдата. Каменот го нарекуваат “спасител”. Ги штити своите сопственици од темни магични влијанија, лоша љубов, како и од грешни мисли и дела. Опсидијан го раствора гневот и носи голема витална сила. Овозможува да се регулираат механизмите на расудување кон другите, како и кон себе.
Тоа овозможува да се пробуди темниот дел од битието, но исто така и светлиот дел. Рамнотежа помеѓу двата дела, без да се суди едниот во однос на другиот.
Бурџу Мусли е родена на 27.8.1997 во Скопје и е дипломирана сликарка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај тоа што слика, се занимава со дигитална уметност, фоторафија и создава арт-колажи. Има учествувано на мнгоу групни изложби со нејзините слики и дигитални дела и реализирано три самостојни изложби од кои првата беше во „Младински културен центар” – Purgatory (2020 г.), втората во турската чаршија со организацијата „Млади за Скопје” (2021 г.) и третата во „КСП Центар-Јадро” (2022г.), која е првата верзија од оваа изложба што сега ќе ја реализира повторно во Младинскиот културен центар. Нејзината уметност како што знае да биде забавна и шарена, понекогаш е меланхолична, мистериозна, бунтовна и лута… А секогаш храбра.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.