“Пчела” на Љубе Алексовски во Ко-Ра

14

На 8 јули 2024 ( понеделник ) во 13 часот, ви Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје, во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, ќе се отвори самостојната изложба на Љубе Алексовски насловена “Пчела” по повод 40 години Јубилеј во Галерија КО-РА- мал салон.

Оваа изложба е во рамките на проектот “Пчела” со кој уметникот и професор Љубе Алексовски го одбележува јубилејот 40 години од творештвото.

Проектот е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура ” Кочо Рацин” -Скопје( улица Димитрие Чуповски 20а, наспроти Гимназијата Ј.Б Тито во Центар).

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.