Скопје, 20.12.2024
Македонска народна приказна, прочитана во книга која ја пронашла во библиотеката на Филозофскиот факултет во Сараево, за архитектката и уметница од Белград, Марија Шормаз била доволна инспирација сето тоа да го преточи во креативен концепт.
Соред таа приказна кралот не сака да ја даде својата ќерка за сиромашно момче, но бидејќи неговата љубовт е искрена на момчето му помагаат животните од шумата, орелот, волкот, лисицата, мечката и зајакот.
На база на оваа сказна Шормаз неодамна одржа работилница во Скопје, во која улогите од сказната ги одглумија самите учеснички на тренингот, а потоа своите внатрешни доживувања ги пренесоа на цртежи, со кои понатаму беше направена изложба во Културниот центар “Јадро”, и истата беше прикажана во изминативе седум дена.
***
Изложбата носеше наслов „Корени и откровенија – магично патување низ македонските народни приказни“ и беше затворена денеска, 20 декември 2024.
Оваа изложба беше создадена како од проектот кој Шорман го одржа
во Скопје од 10 до 23 декември 2024 година (избран на конкурсот Culture Moves Europe- Call for individual Mobility, кој е еден од проектите на Креативна Европа).
Ова е современ уметнички проект посветен на истражување на длабоката поврзаност помеѓу македонскиот фолклор и современите човечки искуства, со посебен акцент на нашата врска со природата.
Како дел од проектот беше креирана работилница „Од бајките, до денес“, во која на интегративен начин, преку ликовната уметност, наративен пристап и психолошки методи, се открива врската меѓу човекот и природата, некогаш и сега, со проучување на архетипите на македонските народни преданија. Учесниците, во текот на процесот, влегуваа во улогите од споменатата бајка (животни- архетипи) и од таа перспектива стекнуваа подлабок увид во своите чувства и искуства. Потоа, сето тоа што ги доживеале го ставија на хартија.
– Цртежите се извонредни! Речиси е неверојатно каков креатор се крие во секој од нас. Секој цртеж многу верно го опишува архетипскиот принцип што учесникот го претставуваше и на многу јасен начин. Учесничката која беше во улога на орел, на пример, кој во оваа бајка е претставник за повисока свест и врска со духовното, создаде кружна, сеопфатна форма во која целиот жив свет е претставен преку дрвја, птици и цвеќиња. За време на процесот на работилницата, никој не ја знаеше симболиката и значењето на својата улога, а по толкувањето на инструкторката потоа, видовме колку автентично тие своите согледувања ги пресликаа на хартија, објасни Шормаз.
Овие цртежи ги изработија:
–Емилија Матаничкова дипломиран филолог, специјализиран за македонската и јужнословенските книжевности.
– Биљана Филиповска телесно ориентиран психотерапевт, фасилитатор за автентично движење и терапевт за соматско искуство.
–Ана Мрак (Ана Тодоровска) дипломиран психолог и визуелни уметности, специјализирана за експресивна арт терапија.
–Марија Бошковска писателка, авторка, уредничка.
–Марија Зеленковска дипломиран правник и љубителка на уметноста.
– Валентина Ѓоргиевска Парго новинарка, поетеса, писателка и сценаристка.
Марија Шорман на оваа изложба во Скопје прикажа и свои изработки од еколошки природни бои.
– Ги сакам природни материјали и бои, тие повеќе ми годат. Најдобро е да користиме природни материјали кои се во резонанца со нас. Овие бои се прават едноставно, розовите и виолетовите нијанси се добиваат од бобинки, цвекло, црвен кромид, жолта од куркума, кафеава од кафе, ловоров лист дава малку портокалова боја. Со мешање на овие бои и со подолго излагање, со погуста смеса, добиваме поинтензивни и поблаги тонови.
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/2-230x300.jpg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/1-1-243x300.jpg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/3-229x300.jpg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/4-228x300.jpg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/7-242x300.jpg)
*******
Марија Шормаз е родена во Белград во 1977 година. По завршувањето на студиите на Факултетот за архитектура во Белград, се специјализирала на Атинската школа за ликовни уметности, каде го истражувала односот помеѓу различни уметнички дисциплини и психофизичкиот ефект на визуелните елементи врз луѓето. Работела во различни медиуми, експериментирајќи со форми кои ги комбинираат визуелните уметности и други уметнички дисциплини. Оваа работа ѝ овозможила да развие уникатен уметнички израз кој се занимава со современи социјални и еколошки прашања.
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2024/12/FB_IMG_1734269456486-181x300.jpg)
Работилницата беше базирана на методите на Берт Хелингер, кој во своите објаснувања ги толкуваме констелациите и космичките закони во семејниот систем, а природата е дел од нашето семејство, нашата пра- пра Мајка.
Во проектот како уметнички терапевт преку онлајн видео врска учествуваше и Тијана Вуковиќ е доктор на хуманистички науки и интегративен терапевт специјализиран за арт интегративни и наративни пристапи.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.