Величествена завршница на 50- дневната изложба на Цветин

187

Скопје, 18 јануари 2023 година

Величествена завршница на 50- дневната изложба на уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин, се одржа на улица Македонија, пред спомен куќата на Мајка Тереза.
Во рамките на уметничката манифестација “Мироносно цвеќе за пријателството” која траеше од 29. ноември 2022 до денеска, цветни цртежи и слики на ова место изложуваа преку 500 луѓе кои низ годиниве ги добиле на подарок од Цветин.
Достојно на сите изложувачки денови, изложбата заврши со пораката “Со убавината на секој цвет, пораката за мир нека го обедини целиот свет”.
Завршниот настан почна со поемата “Сердарот”, во чест на денешниот ден на кој е роден славниот македонски писател Григор Прличев, изрецитирана наизуст од страна на Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе.Ѓе.

Потоа, педесеттината поети, поетеси, писатели, миротворци, професори, естрадни и оперски ѕвезди, крводарители, спортисти, шахисти, легенди, ја проследија промоцијата на трите книги со илустрации од овој наш еминентен ликовен творец, од авторите Горан Анчевски, Ѓорѓи Ѓоргиевски Ѓе.Ѓе., и Вера М.Самарјанин.
Со неколку музички нумери настапи хорот ,,Серенада”, а на славеникот му запеаја и музичките ѕвезди Серафина Фантаузо и Ани Малинкова.
Свои песни читаа, рецитираа Андрија Дојчиноски, Цветанка Анастасова, а се кажаа извонредни беседи и преубави зборови за живата легенда Цветин, познат и на светско ниво како неколкукратен кандидат за Нобелова награда за мир, за кого зборуваа Мито Спасовски, Горјан Петревски, др.Људмил Кљусев, професорите Ванѓа Радевска и Насер Мифтари, Гоце Василевски, Цеце Атанасовска и познатата виолинистка Сања Шуплевска Боарал.

Пријатели и почитувачи, познати и истакнати личности, беа дел од овој несекојдневен настан, меѓу кои и претставници од Институт за трансфузиона медицина Венко Стомнароски, Лилјана Стоилковска, Горан Андонов, Олга Шкариќ, Симеон Златев- Моне, Мендо Димоски, Слободан Јаневски, Клуб “Лоза- жени со визија”, Ристо Лијакоски, Предраг Тасиќ, Миле Јанковски, Димче Илиевски, Љубомир Хаџи Манев, Жаклина Михајловска (Нина Македонска), Оливера Јовановски, Ненад Баткоски, Насер Цури, Фросина Ременски, Ана Дојчиноска, Крсте Велески, Милева Лазова, Билјана Ѓоревска, Викторија Велева, Даниела Царулеска, Тања Стоилковска, Кате Биновска,Ели Среброва, Рушка Митрулова и многу други,а поддршка на свој начин дадоа и Катерина Митковска, Гордана Угриновска, Кети Радевска, Сотир Чаушевски, Славко и Лорета Крстевски, ученици од О.У “Гоце Делчев” Скопје, Јахја Кемал”, Средно медицинско училиште, САБА Здружение на просветни работници на Град Скопје и Здружение за култура “Гороцвет” и многу други институции.
Настанот беше поврзан и со 50 златни брачни години на уметникот и неговата сопруга Богданка, по тој повод за крај премиерно беше прочитана песната “Маџирмаалската бегалка” од Валентина Ѓоргиевска Парго со посвета на брачната двојка Поповски.
Фото: Драган Цвијетиќ

Маџирмаалската бегалка

Љубовта за граници не слушнала, извинете ве молам,
Кој ја сретнал ѝ рекол:
“светиш како оган, ама зафати ме, нека горам.
Не прашувам што треба да сторам
ни колку треба да платам,
со себе се борам
јас љубам, сакам и затоа така морам”.

***

Љубовта грев е, ама и сите гревови ги чисти.
сите што засакале силно, поминале низ патишта исти.

***

Љубовта има призвук на ехо и слика на фатаморгана
Така и мене ми се причина,
еднаш кога минев низ едно од славните скопски маала.
Но, зошто јас така слушнав, подоцна јасно ми стана.

Ко да слушнав ехо по патчето во тоа маало:
“Остани со мене за век и веков,
а што му останува друго,
за што ли да живее човекот? “
“Пиле нека лета,
високо колку умов, што ти ми го зема.
Знам дека ќе те љуба довека,
Во тоа немам дилема! “

Кој може да му забрани на срцето да сака?
Кој може да стори да не трпне од љубовна мака?
Ако е потребно, извинете ве молам
Срце и душа за љубов, и јас в миг ќе соголам.

***

“О младост, со што таа ли ме опи
по неа тргнав по парчето да ја следам.
Косата и беше златна како свила,
Ми се чини и сега таа убавина ја гледам.
И сега, по цели педесет лета .
Се израдува кога ѝ ја однесов дома, мајка ми, Цвета“.

“Сетики везден и ден денес се мислам
ме засјаи сјајот ѕвезден,
и кукла стаклена да проговори
и облакот да се скамени
и каменот да се откамени љубо моја,
јас бегалка ќе те земам! “

***

Вака ми раскажа мене уметникот славен
кога во Маџир маало ја сретнал љубената
и ја убедил Љубовта да го земе зборот главен.

За рака ја фатил и ѝ рекол :
“Гледај, небото ќе го раширам
и цвет во него да ти вцртам,
два цвета, жолт и црвен,
судба среќна ќе навеземе
со конец свилен, срмен”.

***

Тоа било некогаш,
а го најдов пред некој ден, пак истото ми го рече:
“Срцето ми е спокојно,
цут од внатре ми цвета
Ја сакав, ја бегав”
Оттогаш поминаа, цели 50 лета!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.