Велигденска изложба на Цветин, награда за поетот Горан Анчевски!

62
Секогаш е погоден момент да се упати апел за мир во светот и апел против нуклеарно оружје, но мироносните велигденски празнувања се голем момент за потсетување на овие две најважни пораки за Планетата.
По повод велигденските празници, денеска, 17 април 2023 година, во паркот кај јапонските цреши во населбата Капиштец каде живее,  уметникот Живко Поповски Цветин направи уште една од низата пролетни изложба, а, соодветно на својот статус-  неколкукратен нобеловски кандидат, упати и пораки за мир.
“Цветинова награда за мир”, уметникот му додели на поетот и член на Друштво на писатели на Македонија, Горан Анчевски. 
Анчевски е автор на книгите “Милениците на Оле и Сања“, „Ирис“, „Вечен огин“, „Пориви на муграта“, „Вдахновение“, „Светлина во зеницата“, „Зад виножитото“, „Душата на цветот“, „Боемско Скопје“,  “Спасоносна светлина “, и  „Оставени на дождот“ во коавторство со Пеце М. Цветкоски. Боемштината и мекиот нежен поетски израз, како главни референци се врзуваат за овој поет,  еден од оние познати по својата широка љубов и длабока посветеност кон поезијата, и кон опевањето. 
-Живко обедини многу луѓе, многу уметници. Тоа цвеќе на мирот не е залудна работа. Еве денеска ме израдува, ми го разубави денот, едно срце, една душа да израдува човек, е многу,  многу. И, додека се вреднуваме како поети,  сликари, музичари, уметници, доктори, инжењери, наши луѓе, додека си се вреднуваме, додека си се сакаме, ќе нѐ биде и може работите ќе тргнат подонро. Во оваа пригода ќе посветам песна на една друга голема личност, на Живко му имам посветено неколку песни, со цел да кажамдека Македонија има големи луѓе од сите сфери, изјави поетот и ја прочита “Песните на Васка Илиева” .
Присутните ја поддржаа пораката и упатија и своја, уметницата Ирена Гапковска, пилотот Стево Стефановски, шахистот Димитар Илиевски, Давид, Викторија Велева и другите посетители на овој настан, а се прочита песна од јапонскиот поет Шунтаро Таникава, добитник на Златен венец на СВП 2022.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.