24 јануари 1946-Македонската граматика од Круме Кепески е одобрена за учебник во средните училишта

456

Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија е одобрена првата македонска граматиа  за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.

Македонскиот јазик е јазик на Македонците, службен јазик во Македонија  и малцински, службен јазик во Албанија и Хрватска . Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција,Бугарија,Албанија  и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици.

На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале територијата на етничкаМакедонија , па се длабоко во териториите на денешните Грција, Бугарија и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнале да се заменуваат со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо  и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Приморска Македонија , македонскиот јазик денес се зборува најмногу ви окрузите Воден и Лерин, а до релативно скоро бил застапен на најголемиот дел од нејзината територија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија , а во Србија  се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово и Војводина.

Во целата дијаспора Австралија, Европските земји и Америка има македонски заедници каде се зборува иизучува македонскиот јазик.

Првата печатена македонска граматика е од 1880 година и била издадена од Ѓорѓија Пулевски под името „Слогница речовска“. За разлика од тоа, на стандарден јазик прв објавил македонска граматика д-р Круме Кепески во 1946 година. Таа не само што помогнала во кодификацијата на македонскиот литературен јазик, туку и во јакнењето на националната свест кај македонскиот народ по основањето на сопствената држава.

Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.