Уникатниот проект “КОРЕНИ” на Нико Ѓоргиевски, во Битола!

34

На 10.12.2022 во Офицерскиот Дом во Битола, ќе биде концертно претставен уникатниот проект на Нико Ѓоргиевски, насловен “КОРЕНИ”.
Нико Ѓоргиевски – “Корени е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни (музички) влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли/филозофии на протагонистите. Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања.
Ќе слушнете стари Македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови.”
Нико Ѓоргиевски вокал и перкусии, на концертот ќе биде придужуван од Филип Димишковски пијано, Стефан Петановски гитара и Никола Бочваров бас гитара.
Специјални гости Зарина Првасевда и “Јаничари”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.